English | BCMS | Български | македонски | Română | Shqip | Slovenščina

Трета работилница на RASR

2-4 ноември 2010 година, Сараево

На оваа работилница беше потврден развојот на долгорочен, координиран регионален пристап за решавање на заканите предизвикани од вишок или од нестабилно и недоволно обезбедено конвенционално оружје и муниција, или од резерви на оружје и муниција што на друг начин предизвикуваат опасност, а кои ги чуваат владите на државите во Југоисточна Европа. Учесниците на работилницата во Сараево беа поделени во работни групи, кои ги истражуваа методите за идентификување вишок муниција во земјите и капацитетите за демилитаризација, при што разгледаа различни ефекти на случајни експлозии во депоата за муниција. Албанија и Босна и Херцеговина беа предмет на две анализи на случај за тоа како земјите во регионот и меѓународните организации, како што се ОБСЕ, НАТО и УНДП можат да соработуваат за поекономично, побрзо и побезбедно да се справат со опасните и со вишоците резерви на оружје и муниција. Значајни информации беа добиени од Групата за безбедност на муницијата (Ammunition Safety Group) на НАТО и Центарот за соработка во безбедноста RACVIAC (RACVIAC Center for Security Cooperation). На сите учесници им беше поделен краток преглед на проектот Small Arms Survey, „Вишок оружје во Југоисточна Европа: државни политики и практики“, кој нуди концизна, ажурирана анализа за споделените предизвици и вредните сознанија што веќе са стекнати во овие земји.