Прва работилница на RASR
5-7 мај 2009 година, Загреб, Хрватска
На конференцијата на началниците на генералштабовите на државите од Јадранската повелба, одржана во септември 2008 година, еден началник на генералштабот предложи заземање регионален пристап кон заедничките предизвици на отстранувањето на вишокот муниција. Во услови на голем број национални и меѓународни проекти што се во тек, со регионален пристап би можела да се подобри ефикасноста и да се зголемат ограничените ресурси. Од 2006 година експлозиите на резерви муниција во складови во Албанија, Бугарија и во Србија предизвикуваат големи човечки жртви и значителна штета, доведувајќи до раселување на голем број цивили.