Регионален пристап кон намалување на резервите на оружје
Стареењето, вишокот и нестабилните резерви на конвенционалното оружје и муниција упатуваат двојна закана од незаконско ширење и од случајна експлозија, што би можело да предизвика хуманитарни катастрофи и да дестабилизира поединечни земји или региони во целина.
RASR ги поттикнува сите засегнати влади да развиваат проактивен, координиран, регионален пристап кон обезбедување и уништување на рачно и на лесно оружје (SA/LW), со изградба на локални капацитети, споделување на најдобрите практики и на стекнатите знаења и со синхронизирање на ресурсите заради постигнување нивна максимална ефикасност. Главна цел на Иницијативата на RASR е спречување катастрофални експлозии или дестабилизирачки диверзии на конвенционалното оружје и муниција.
Од 2017 година, RASR се финансира од страна на Европската Унија, преку нејзината Одлука на советот 2016/2356/CFSP усвоена на 19 декември 2016 година.
„Министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа постигнаа консензус во однос на заканите од незаконско ширење и од случајни експлозии за безбедноста на граѓаните на Југоисточна Европа, преку акумулирање застарено и/или вишок оружје, муниција и експлозивни средства, како и за нивното штетно влијание врз одбранбената подготвеност. Министрите искажаа разбирање за негативното влијание на долготрајното присуство на големи количества малокалибарско и лесно оружје врз безбедносното опкружување на ЈИЕ-регионот, како и подготвеност да работат на координирање на контролата и на намалување на количествата на рачно и на лесно оружје во регионот, со цел значајно намалување на ризиците што произлегуваат од неконтролирани трансфери и од користење на оружје. Исто така, министрите за одбрана на земјите на ЈИЕ ја потврдија својата подготвеност меѓусебно да соработуваат и да даваат помош, на барање на земји-членки, во уништување на вишокот национални резерви на конвенционалното оружје и муниција, зајакнување на имплементацијата на националните и на меѓународните стандарди колку што е побрзо и побезбедно можно, во согласност со процедури за безбедно отстранување, и обезбедување и управување со резервите што остануваат за цели на легитимната национална одбрана“.
- Извадок од Заедничката изјава од Министерската средба за одбрана на министрите за одбрана на Југоисточна Европа, Тирана, Албанија, 12 октомври 2010 година.
- Извадок од Заедничката изјава од Министерската средба за одбрана на министрите за одбрана на Југоисточна Европа, Тирана, Албанија, 12 октомври 2010 година.