Втора работилница на RASR
3-5 ноември 2009 година, Будва, Црна Гора
На оваа работилница беше продолжен развојот на долгорочен, координиран регионален пристап за решавање на заканите предизвикани од вишок или од нестабилно и недоволно обезбедено конвенционално оружје и муниција, или од резерви оружје и муниција што на друг начин предизвикуваат опасност, а кои ги чуваат владите на државите од Југоисточна Европа. На работилницата во Будва вниманието беше посветено на пет проблематични области, идентификувани на претходната работилница на RASR во Загреб, Хрватска. За секое од петте прашања се дискутираше во детали и учесниците ги идентификуваа практичните решенија и следните чекори што треба да се преземат за заземање општ пристап кон намалување на резервите на оружје.