English | BCMS | Български | македонски | Română | Shqip | Slovenščina

Калкулатор на капацитетот на складот за експлозиви

Важно: Алатката за капацитет на складот е преглед во EXCEL кој помага при пресметување на дозволениот капацитет на складирање на муниција за одредени потенцијални локации на експлозија (potential explosion site (PES)) имајќи ги предвид достапните растојанија на околните изложени локации (exposed sites (ES)). Излезните резултати се засноваат на критериумите за растојание на безбедна количина на експлозиви која се наоѓа во НАТО AASTP-1, прво издание, трето надополнување. Алатката ќе оцени само една PES одеднаш, но зема предвид повеќе ES како дел од оценувањето на таа PES. За локации кои имаат повеќе PES и како дел од севкупното оценување на областа за складирање алатката ќе треба да се повика за секоја PES, и конечната нето количина на експлозиви (net explosive quantity (NEQ)) за која било PES избрана како резултат на тоа оценување.
Упатството за корисници дава конкретни насоки за управување со алатката. Во принцип, корисникот го избира типот на PES од менито и ги внесува растојанијата кои му се познати со кои се одделува PES од околните ES кои се дел од оценувањето. Алатката потоа ги применува критериумите на AASTP-1 за ја пресмета NEQ за секоја можност за опасност (Hazard Division (HD)). Во поглед на HD 1.5, корисникот мора да ја третира како HD 1.1. Погледнете AASTP-1 за HD 1.4 услови за складирање.
ВНИМАНИЕ! Важно е корисниците да знаат дека излезните вредности за NEQ на алатката не ги земаат предвид мешаните и збирните правила на AASTP-1. Пресметаните вредности за NEQ претставуваат колку секоја HD може да се ограничи самостојно имајќи ги предвид растојанијата кои ги овозможува корисникот, а не HD и NEQ кои можат да се ограничат истовремено. Многу е важно да се разбере овој концепт. Доколку не се примени соодветно резултатот може да биде преоптоварена PES која може да генерира многу полоши последици отколку оние кои се прикажуваат преку безбедносните растојанија. Од таа причина, корисникот мора добро да ги разбере правилата за мешање/збир на AASTP-1 и соодветно да ги примени.
Минимално потребно познавање: Корисниците мора да се запознаени со/да ги разбираат: системот на класификација на опасност на Организацијата на Обединетите нации (ООН) (United Nations (UN)) за класификација на муниција (пр. HD 1.1 до HD 1.6); употребата на AASTP-1/проширувањето на тој систем за потребите на складирање; мешаните/збирните правила за мешање на различни HD во истиот PES; и означувачите за структурална цврстина на објектите и нивното влијание на изборот на PES. Дополнителни информации за овие области има во НАТО AASTP-1, прво издание, трето надополнување.
Откако ќе ја отворите алатката, изберете OPTIONS и вклучете ги макроата, во спротивно алатката нема да функционира правилно.
Овој преглед е овозможен поради добрата волја на неговиот создавач, белгиското МО, и Конференцијата на директорите за национално вооружување (Conference of National Armament Directors (CNAD)) Група за безбедност на муниција (Ammunition Safety Group (CASG)) (AC/326), подгрупа C „In-Service and Operational Safety Management“ („Управување со безбедност при работа и обука“).