Instrumentul de calculare a consecinţelor pentru protocolul de evaluare automată a siguranţei al DDESB
- DDESB Протокол за автоматизирана оцена на безбедноста (верзија на НАТО) алат за последици - ASAP-X (N), ревидирана верзија 3.0 a
- Упатството за корисници
Важно! Протокол на НАТО за автоматизирана оцена на безбедноста - експлозиви (ASAP-X (N)): Ова е лесна алатка за користење за одредување на очекуваните последици на персоналот и структурите во околината како резултат на несреќен случај/реакција која вклучува муниција, заснована на генерични информации кои се наоѓаат во AASTP-1. Корисниците прават сценарио за оценување со дефинирање на типот на потенцијалната локација за експлозија (PES) и можностите за опасност (HD) од експлозиви кои се складирани во PES, идентификација на блиски изложени локации (ES) и нивно растојание од PES, имот на ES и трошок за замена на ES. Алатката го оценува PES-ES сценариото и дава визуелна слика кодирана со бои на последиците од еден несреќен случај кај една PES (п.р. број на жртви и структурална штета на ES), во формат кои лесно може да го разбере лицето кое ја носи одлуката од кое ќе се побара да го прифати ризикот. Алатката единствено оценува една PES одеднаш, но повеќе ES може да се вклучат во сценариото. За повеќе PES, алатката ќе треба повторно да се употреби за секоја PES. Една дополнителна одлика е тоа што алатката овозможува начин за правење на измени во NEQ и за преместување на планираните локации PES и/или ES за да се заложи влијанието на таквите промени за подобрување или влошување на очекуваните последици.
ВНИМАНИЕ! Важно е корисниците да разберат дека доколку внесат информации во повеќе полиња за HD NEQ истовремено тогаш алатката нема да ги примени правилата за мешање и збир на AASTP-1 во нејзините пресметки. Корисникот мора да ги разбере правилата за мешање и збир на AASTP-1 и соодветно да ги примени излезните резултати од алатката.
Минимално потребно познавање: Корисниците мора да се запознаени со/да ги разбираат: системот на класификација на опасност на ООН за класификација на муниција (пр. HD 1.1 до HD 1.6); употребата на AASTP-1/проширувањето на тој систем за потребите на складирање; мешаните/збирните правила за мешање на различни HD во истиот PES; и означувачите за структурална цврстина на објектите и нивното влијание на изборот на PES. Дополнителни информации за овие области има во НАТО AASTP-1, прво издание, трето надополнување.
Овој преглед љубезно го отстапи Одборот за безбедност на експлозиви на Министерството за одбрана на САД.