RASR Steering Committee Members
International Trust Fund
ITF Enhancing Human Security (Меѓународен заштитен фонд за подобрување на безбедноста на луѓето) (ITF) е хуманитарна, непрофитна организација основана од страна на Владата на Република Словенија во март 1998 година со првична цел да помогне при имплементирањето на мировниот договор во Босна и Херцеговина и да обезбеди помош и поддршка во повоената реконструкција на земјата. Од своите почетоци, ITF постојано ја развива и ја подобрува својата мисија, а со тоа го проширува и опсегот на своите активности и географската област на нивната имплементација, со цел да се справи со проблемите на променливата средина на безбедноста на луѓето, потребите на земјите-кориснички и приоритетите на заедницата на донатори. Мисијата на ITF е да промовира подобрена безбедност на луѓето во земјите погодени од остатоци од нагазни мини/експлозиви од војните и други последици од конфликтите. Досега, ITF ги има проширено своите операции не само во цела Југоисточна Европа, туку и во Централна Азија, Јужен Кавказ, Северна и Супсахарска Африка, Латинска Америка и поширокиот Близок Исток.
|
NSPA
Агенцијата за поддршка на НАТО (NATO Support and Procurement Agency - NSPA) е агенција за интегрирана логистика и давател на услуги на НАТО каде што се соединети поранешните: Агенција за одржување и набавки на НАТО (NAMSA), Агенција за управување со гасоводот во централна Европа (CEPMA) и Агенцијата за управување со воздушните патишта на НАТО (NAMA). NSPA е агенција којашто целосно ја финансираат клиентите и работи врз основата „без профит – без загуба“. Има 1200 вработени и седиштето ѝ е во Големото Војводство на Луксембург (Капелен) со оперативни центри во Луксембург, Франција, Унгарија и Италија. NSPA е извршно тело на Организацијата за поддршка на НАТО (NSPO) во која што се членки сите 28 нации во НАТО. Тие нации се претставени во Одборот за надзор на Агенцијата NSPO (ASB) којшто ги насочува и контролира активностите на NSPA. NSPA ги обединува во една организација активностите во однос на поддршката за набавките и логистиката во НАТО со што се овозможуваат интегрирани мултинационални решенија за поддршка на своите акционери. Нејзиното создавање е во рамките на новиот пристап на НАТО за да се одбрани од трошоци во тешки времиња и е наречен Паметна одбрана каде Паметната поддршка е клучниот елемент.
|
RACVIAC
RACVIAC - Центарот за соработка во безбедноста е меѓународна, независна, непрофитна академска организација во регионална сопственост, со мисија да ги поттикнува дијалогот и соработката во однос на прашањата за безбедност во Југоисточна Европа преку партнерство меѓу земјите од регионот и нивните меѓународни партнери.
|
SEESAC
Клиринг-центарот за контрола на рачното и на лесното оружје во Југоисточна и Источна Европа (South Eastern and Eastern Europe Clearinghouse for the Control of Small Arms and Light Weapons) (SEESAC) има мандат од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и од Советот за регионална соработка (RCC) да ја унапредува поддршката на сите меѓународни и национални заинтересирани субјекти со зајакнување на националните и на регионалните капацитети за контрола и со намалување на ширењето на оружјето и на злоупотребата на рачното и на лесното оружје, и на тој начин придонесува за зголемена стабилност, безбедност и развој во Југоисточна и во Источна Европа.
|
Small Arms Survey
Проектот е независен истражувачки проект лоциран во Високообразовниот институт за меѓународни и развојни проучувања (Graduate Institute of International and Development Studies) во Женева. Швајцарија. Тој претставува главен меѓународен извор на јавни информации за сите аспекти на рачното оружје и на оруженото насилство, и ресурсен центар за владите, креаторите на политиките, истражувачите и активистите. На проектот работи меѓународен персонал со стручност во безбедносните студии, политичките науки, меѓународната јавна политика, правото, економијата, развојните студии, решавањето на конфликти и во социологијата.
|